Левиот бек на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело ќе го пропушти големото дерби против Барселона, популарното „Ел класико“ кое е закажано за 21.ноември. По повредата која Марсело ја заработи во вторникот на натпреварот со ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите, лекарскиот тим на „кралскиот клуб“ на чело со Хозе Гонзалез потврди дека бразилскиот интернационалец нема да биде подготвен, со оглед дека повредата на мускулот ќе го оддалечи од терените најмалку три седмици.
Покрај Марсело сеуште се неизвесни за настап, Герет Бејл и Џејмс Родригез кои сепак би можеле да бидат подготвени за натпреварот. Секако проблем преставува и Карим Бензема кој сеуште не се знае каков ќе биде исходот од неговиот притвор во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.