Вчеравечер околу 21.20 часот во Скопје во клубот со автомати за игри на среќа – подружница на „Слотс“ – Гевгелија, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со фантомка на главата, влегол во објектот и им се заканил на вработените со огненото оружје. Потоа го зел вработениот Б.Ј. до работниот пулт и му наредил да му ги даде парите од касите.
Вработениот му дал околу 182.000 денари, по што сторителот го напуштил местото на настанот и заминал во непознат правец.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.