| четврток, 6 декември 2018 |

Баба правела афродизијак за внука и зет, па таа останала бремена

Бидејќи не можела повеќе да гледа како нејзината внука  Н.С. (24)и зетот се мачат да добијат потомство, баба Стана С.(61) решила да им помогне, така што им направила афродизијак кој влијае на зголемување на плодност кај мажите.

20151105110717_334705

Освен во тоа, баба Стана од Врање, успеала во уште нешто и таа останала бремена.

Стана   направила афродизијак од костени и разни тревки  кој и го дала на внуката која пак му го давала на сопругот, но бабата скришум му го давала и на нејзиниот сопруг Свето, а и самата го пробала неколку пати.

Оваа смеса неа и нејзиниот сопруг, како што изјавила, повеќе пати ги „зашеметувала“ па ноќе „губеле разум“. Набрзо добила чудни симптоми и решила да оди  на преглед.

-Не жалам што му го давав афродизијакот на Свето и што и самата го пробав бидејќи после толку време ни беше навистина убаво- признала баба Стана.

Baka1-620x350

фото:Илустрација

 

Во исто време и нејзината внука останала бремена.

Кога анализите покажале дека и бабата е во блажена состојба, лекарот и предложил да ја прекине бременоста бидејќи е многу опасна за нејзини години што Стана и го сторила.

Нејзиниот сопруг дедо Свето дознал дека жената кришум му „работела зад грб“ но се и простил кога сфатил дека нејзината здравствена состојба била доведена во прашање.

Во Врање по овој настан владее вистинска манија по афродизијакот на Стана, но таа не сака да го открие рецептот.

Melem3-620x350

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top