Охридскиот виртуоз Дамјан Пејчиновиќ, заедно со Горан Гешоски и Стефан Миладинов, ќе се одржи овој вторник, 10 ноември киното „Фросина“ во МКЦ, со почеток од 21 часот.
Ова е прв концерт за Дамјан Пејчиноски Трио, после нивните многубројни настапи низ Македонија и низ Бугарија.
Пејчиноски за прв пат почнал да свири на гитара од својата шеста година, но вистинската љубов се родила во четеринаесетата година, кога сфатил дека гитарата е она што навистина сака да го прави. Завршил дипломски и мастер студии на Музичката академија во Софија, а во 2010 година настапува на Евровизискиот натпревар во Осло со македонскиот тим. Следат многу награди и признанија на настапите во Романија, Унгарија, Хрватска, Србија, како и В. Британија.
Пејчиноски е првиот балкански музичар некогаш спонзориран од америчката компанија “PRS Guitars” со рачно изработена гитара специјално за него, покрај музичари од калибарот на Сантана, Орианти, Дејв Наваро и сл.
Влезницата изнесува 150 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.