| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечера за глупаци“ на сцената на охридскиот театар

Претставата „Вечера за глупаци“, работена по текст на Францис Вебер, во режија на Ирена Стеријовска, е на репертоарот на охридскиот Народен театар вечерва, 5 ноември и утревечер, 6 ноември со почеток во 20 часот.

Главните улоги во „Вечера за глупаци“, работена според познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург, Францис Вебер, ги играат Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, а во претставата настапуваат и Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top