Битола, денот го посвети на чествување на празникот со полагање свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ, а градоначалникот д-р Владимир Талески беше домаќин на делагациите од збратимените градови Трелеборг – Шведска и општината Стари Град од Белград, Република Србија.
-Со контактите што ги имаме со нашите збратимени градови Битола уште еднаш потврдува, дека има исклучително значаен однос кон големото културно – историско богатство, но со тоа ја покажува и својата мултинационалност, својата отвореност за соработка со сите земји, со сите градови – изјави градоначалникот Талески, уште еднаш- акцентирајќи, дека најзначајната обврска на Општина Битола е да – „бидеме што поконкретни во она што значи развој и афирмација на Битола“- рече Талески. Пред споменикот на НОАВМ, почит оддадоа покрај градоначалникот и претставници од Сојузот на борците, претставници од Советот на општина Битола, делегации од збратимените градови, политичките партии. „Ова е многу значаен ден, ова е историски ден не само за Битола туку и за Република Македонија. Овој ден е запишан со златни букви во нашата историја, затоа што се памети по тоа што е завршен еден голем циклус од неколку годишна жестока борба за осамостојување и слобода на македонскиот народ, изјави градоначалникот.
71 година од ослободувањето на Битола, не е само можност да им се оддаде почит на оние кои со највисоката цена – животот ја платиле слободата, како една од највисоките вредности во Универзумот, туку и можност да се согледаат и резимираат резултатите постигнати во годината што поминала, така што градот им оддава признание на своите сограѓани и истовремено ги поттикнува на натпревар, кој што носи и развој на градот и на целата поширока заедница. Секој празник, исто така, е и можност да се сумираат и резултатите од работењето на Општината, така што традиционално Градоначалникот издава Општински информатор со сето она што значи активност, настан, инфраструктура и проект во периодот од едниот до другиот ноември, а на свечената празнична академија на наградените ќе им бидат врачени признанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.