| четврток, 6 декември 2018 |

Сириза бара предвремени избори во Грција

ciprasЛидерот на грчката опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас, побара Владата веднаш да распише предвремени општи избори, наведувајќи го како причина „убедливиот неуспех“ на меморандумот за спас на земјата. Во весникот „Ефимерида тон Синтактон“ тој ја обвини грчката влада дека нема програма за излез на земјата од кризата и оти е целосно неспособна за преговарање и за создавање сојузи. Во неговата статија под наслов „Дајте ни ги клучевите“, Ципрас ја обвинува Владата дека „ја поздравува тројката со скртени раце“, а другите коалициски парнери ПАСОК и Демократската левица ги нарече „чудни и несигурни“.

Ципрас го повикува премиерот Андонис Самарас веднаш да ги прекине преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори на Грција и да почне турнеја по земјите во Јужна Европа, за создавање фронт кој ќе ја укине „неолибералната германска хегемонија во Европа“. Тој нагласува дека ако Самарас не се обиде да направи сојуз со другите членки на еврозоната против штедењето, тогаш најдобро е уште сега да му ги предаде клучевите.

– Во спротивно, нема никаков смисла. Владата уште сега нека ни ги предаде клучевите. Веднаш нека свика избори за да можеме како нова влада со свеж мандат, во која левицата ќе биде во средина и со динамична поддршка од големо социјално мнозинство, да се обидеме да добиеме време за земјата, време кое го загубивме додека бевме водени од меморандуми – пишува Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top