| четврток, 6 декември 2018 |

Путин третпат избран за највлијателен во светот

Рускиот претседател Владимир Путин, трета година по ред останува највлијателен човек во светот според рангирањето на списанието „Форбс“.

На второ место е канцеларката на Германија Ангела Меркел, која се искачи за три места, а на трето претседателот на САД Барак Обама, кој е едно место подолу.

– Владимир Путин „продолжува да докажува, дека е еден од ретките луѓе во светот кои можат да си дозволат да прават што сакаат – пишува „Форбс“.

Одлуката на Путин да укаже помош на сирискиот претседател Башар ал Асад со воздушни напади, ја зголемила неговата популарност и на меѓународен план.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top