Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, упати тешки обвиненија против земјите од Европската унија поради нивната политика кон мигрантите и бегалците.
Според него, европските држави имаат селективен однос и водат дискриминаторска политика во однос на бегалците. Според него овие држави ќе останат во историјата со својата срамна политика.
Ердоган смета дека европските држави се во паника од само неколку стотици илјади луѓе барателите на азил, со кои се соочиле на нивните граници, додека самата Турција веќе прифатила над 2,5 милиони сириски бегалци.
Турскиот државник рече дека европските држави ги прифаќаат бегалците во зависност од нивното образование, вера, талент, возраст и здравствена состојба и воопшто не ја почитуваат хуманитарната страна на проблемот.
– Еден ден проблемите во Сирија и Ирак ќе бидат решени и овие луѓе ќе се вратат во своите домови. Тоа сепак, што ќе остане запечатено во нивната свест, ќе биде турската хуманост и срамот на Западот, рече Ердоган, цитиран од американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.