| четврток, 6 декември 2018 |

„Викторија сикрет“ го претстави новиот градник за два милиона долари

Vi-1

„Викторија сикрет“ го претстави својот нов градник „фантази бра“, кој ќе учествува на годинашната модна ревија на марката, на 8 декември. Цената на овој градник е два милиона долари, а моделот кој ќе има чест да го носи е Лили Олдриџ, како што самата објави на „Инстаграм“.
Градникот е изработен за 685 часа, од 18 каратно злато и на него има 6.500 скапоцени камења, вклучувајќи син топаз и жолт сафир, како и 126 дијаманти.
Vi-2

Секоја година претставувањето на градникот е вистински настан. Минатата година беа изработени два, секој со вредност од по два милиона долари.
Vi-3

На шоуто тие беа претставени од моделите Алесандра Амброзио и Адријана Лима.
Во 2013 година моделот Кендис Сванпул беше избрана да парадираа со „фантаси бра“, кој тогаш беше проценет на 10 милиони долари.
Но најскапиот модел на овој гламурозен градник беше во 2000 година, кога неговата вредност беше 20 милиони долари.
Проектот за градник, изработен од скапоцени камења и злато, постои од 1996 година. Првично е презентиран само во каталогот на „Викторија сикрет“, а од 2001 година почнува да учествува во годишната модна ревија на марката.
Секоја година различен познат златарски дизајнер го изработува градникот.
По завршувањето на шоуто „Викторија сикрет“ го пушта во продажба, но досега само моделите од 2004 година и од 2012 година пронашле купувач.
Ако никој не го купи, по една година градникот се демонтира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top