| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок на работните групи за финализирање на договорот од Пржино

liderska-klub-na-pratenici

Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии Питер ван Хауте за денеска најави нова средба на партиските работни групи, јави МИА.

Според него, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни/15 јули, но сè уште нема финален договор.

Ван Хауте рече дека работната група ќе се состане денеска во 11 часот.

Во изминатите денови Ван Хауте имаше одвоени средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top