Американскиот претприемач и автор Кристина Нортуп, со помош на неколку социолози, анкетираше повеќе од 80 илјади луѓе од различни делови на светот со прашања за љубовта, бракот, сексот, довербата и др.
Еве ги најважните лекции кои ги споделуваат паровите, кои самите се сметаат како најсреќни во светот.
Не споделувајте сè
Повеќе од една четвртина од најсреќните двојки велат дека имаат тајни еден од друг.
Расправиите се корисни
Околу 80 проценти велат дека се расправаат одвреме-навреме. Двојките што никогаш не го прават тоа, можеби избегнуваат разговори, кои треба да ги водат, за да си ја изградат врската.
Најдете активности што ве забавуваат и двајцата
Околу половина од луѓето велат дека имаат многу заеднички работи со партнерот. Од нив 95 проценти ја опишуваат врската како исклучително среќна.
Почитувајте го брачниот кревет
Само еден процент од најсреќните двојки велат дека некогаш спиеле на каучот.
Разговарајте често
Дури 40 проценти тврдат дека комуникацијата, повеќе од пријателството, приврзаноста и дури и од сексот е најпријатниот дел од врската.
Важно е да се задржи привлекувањето еден кон друг и по извесен период
Само 20 проценти признаваат дека ја имаат загубено атрактивноста.
Не игнорирајте ја интимноста
Околу 60 проценти од најсреќните двојки, дури и тие што се заедно повеќе од две децении, тврдат дека имаат секс три или четири пати неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Прилеп ин да хаус” : Прилепскиот рапер Борче ја запали вилата во реалното шоу “Парови” (видео)
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година