| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Железната Лејди

 Поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер, почина утрово од мозочен удар на 87-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот портпарол Лорд Бел.

–  Со големо жалење Марк и Карол Тачер соопштуваат дека нивната мајка баронесата Тачер утрово почина мирно откако доживеа мозочен удар – соопшти Лорд Бел.

Првата премиерка на Британија, која го доби прекарот Железната Лејди, ја водеше земјата во три последователни мандати. Таа имаше кревко здравје, кое беше сериозно наружено пред десетина години откако преживеа серија помали мозочни удари. Тачер патеше и од акутно краткотрајно губење на меморијата. Од 2003 година живееше сама откако почина нејзиниот сопруг Денис. Двете деца, Марк и Керол, живеат во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top