| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија: Требаше да победиме, бевме десет пати подобри од Реал Мадрид

Пари Сен Жермен синоќа во рамките од четврото коло од Лигата на шампионите беше поразен на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Мадрид минимално со 1-0.
Иако според статистиката „светците“ беа подобри на теренот, мораа со наведнати глави да го напушат Мадрид. Поранешниот играч на „кралевите“ кој ова лето ги засили редовите на ПСЖ, Анхел ди Марија одигра одличен натпревар беше мотивиран против своите поранешни соиграчи, сосема оправдано беше разочаран од поразот.

– Го одигравме можеби најдобриот меч сезонава, одлично ни функционираа и нападот и одбраната, но за жал не стигнавме до резултатот што го посакувавме. Бевме десет пати подобри од Реал, штета што не успеавме да постигнеме гол и да освоиме барем еден бод, нешто што апсолутно го заслуживме. Покажавме дека знаеме да играме одличен фудбал, мораме да продолжиме во ист стил и на следните натпревари, резултатот сигурно ќе дојде – изјави Анхел ди Марија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top