Според древната уметност на фенг шуи, огледалата играат клучна улога во секој дом. Но има одредени места во секоја соба, каде огледалата треба да бидат поставени, за да го зголемуват богатството и благосостојбата во домот. Значи, ако сакате повеќе позитивна енергија во вашиот стан или куќа, еве ги потребните чекори:
Кујна
Кујната се поврзува со изобилието и богатството во домот и според фенг шуи е една од најважните простории во кои треба да има огледала. Ако поставите огледало во кое се одразува шпоретот, ќе ги отвори вратите кон успехот и повеќе финансии.
Спална соба
Ставањето на огледала во спалната соба е препорачливо да се избегнува. Но, ако сепак сакате задолжително да имате огледало во оваа соба, тоа не треба да го одразува вашиот кревет. Најдобра опција е да се стави огледало на внатрешната страна на плакарот и така нема да може да ја одразува спалната соба, а и ќе ја зголеми позитивната енергија.
Дневната соба
Кога едно огледало е поставено така што го одразува прозорецот, ја внесува во домот позитивна енергија, која се распрскува во собата. Ако дневната или трпезаријата случајно ви се наоѓаат над гаража или подрум, добро е огледала да се поставуваат на подот, свртени надолу. Така ќе ја запираат негативна енергија да влегува во домот.
Бањата
Огледалата во бањата имаат претежно функцијата да ја корегира енергијата. Стави огромно огледало на вратата од бањата од внатрешната или надворешната страна. Ако е од внатрешната страна ќе ја имобилизира позитивната енергија да излегува, а ако е од надворешната страна ќе ја распрскува негативната енергија кога се минува низ вратата.
Точно позиционирање на огледалата не е се што треба да направите. Тие треба да бидат чисти и да немаат пукнатини. Погрижете се сите огледала да имаат метална или дрвена рамка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.