Министерството за надворешни работи никогаш не планирало да го затвори одделот за меѓународни односи на Министерството за Македонија и Тракија, изјави портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас, пренесе МИА.
Неколку грчки медиуми изминатите денови пишуваа дека се планира затворање на одделот за меѓународни односи на грчкото Министерство за Македонија и Тракија, канцеларија која, како што беше наведено „директно се занимава со прашања поврзани со Скопје“. Иако истото прашање до Министерството за надворешни работи го упати и МИА, грчкото МНР, вообичаено не одговори, но затоа Кутрас не остана без коментар за грчките медиуми.
– Категорично демантирам дека Министерството за надворешни работи планира да ја затвори таа канцеларија, изјави Кутрас за едно грчко радио и додаде дека „овој регионален секретаријат е „антена“ на МНР во Солун со повеќе функции.
Коментирајќи ги односите со Македонија, Кутрас информира дека се почнати контакти меѓу делегациите на двете земји за изградба на мерките за доверба, и повтори дека „Грција има кристално формулирана позиција за прашањето за името“.
– Грција има направено отстапки во преговорите, долги години има формирано став и мислам дека ќе надвладее разумот во нашата соседна и пријателска земја, која како што знаете моментално се соочува со повеќе проблеми, изјави портпаролот на грчкото МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција