| четврток, 6 декември 2018 |

Сопружниците од Битола починале од предозираност

СВР Битола денеска соопшти дека мажот и жената кои беа пронајдени мртви во битолскиот мотел „Пржо“, починале од интоксикација со наркотични средства.

Кај двете лица К.И. (33 г.) и Ѓ.И. (27 г.) и двајцата од Битола, не се пронајдени никакви траги и повреди кои би укажувале за делување на надворешна сила врз телата на починатите на било кој дел од телото, изјави портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова.

– Првичните резултатите во координација со доктор од Судска медицина и  Јавно обвинителство од завршената обдукција укажуваат дека причина за настанување на смртта кај двете лица е интоксикција со наркотични средства. Наодот го потврдува и пронајдениот материјален доказ од самото место, шприцеви со игли и две боци од метадон, беше соопштено на денешната прес-конференција во СВР-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top