Српска старлета и пејачка во обид си фантазира дека ќе биде славна како Џенифер Лопез.
Наташа Шавија која освен по учество во реални шоу програми и покажување и промовирање на промискуитет, по се изгледа „инстат реалити популарноста“ малку ја удрила во главата па решила да тргне по стапките на светската ѕвезда Џенифер Лопез.
Како што пишуваат регионалните медиуми Шавија си го осигурала задникот на 100 000 евра и тоа во една странска осигурителна компанија.
-Секој си го осигурува имотот од пожари и други временски неприлики, па зошто тогаш и ја да не го осигурам тоа што ми носи приходи. Кога е во прашање мојот задник, можност да дојде до пожар е далеку поголема од кога удираат громови – им порачала Шавија на медиумите.
Инаку колку за информација, задникот на светската ѕвезда Џенифер Лопез е проценет на 27 милиони евра, но секој се спростира колку му е чергата.
Но да бидеме искрени и не се за потфрлување тие 100 илјади евра за некој кој освен разголување на социјалните мрежи и во медиумите и „не знае“ точно да ја дефинира својата професија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.