– Со камења и други тврди предмети целосно ја уништиле една од главните водоводни шахти од градскиот водовод, во горниот дел на градот. Наша екипа ја утрди фактичката состојба и можам да потврдам дека станува збор за големо оштетување,поради што поголемиот дел од градот е без вода за пиење, потврди Мазлум Леши, директор на ЈКП „Стандард“.
За санирање на оштетувањата, вели Леши, потребна е специјална екипа, што подразбира и повеќе време за негово санирање иако работите на терен ќе почнат уште денеска. Тој го осуди овој, како што го нарече вандалски чин, и побара од надлежните сторителите да се откријат и казнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.