| четврток, 6 декември 2018 |

Сите жители на Финска ќе добиваат 550 евра месечно

евра

Финската влада ќе им дава по 550 евра месечно на сите свои граѓани, без разлика дали се вработени или не. Се работи за експериментална фаза, а подоцна приходот ќе изнесува 800 евра.

Надоместот ќе биде висок бидејќи ќе замени некои други социјални придобивки. Предлог програмата ќе биде завршена до ноември 2016 година откако ќе биде тестирана во целата земја, пренесува „Финланд тајмс“.

Проектот ќе биде особено интересен за невработените. Во Финска моментално има околу 280.000 невработени, односно 10 отсто од работната сила во земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top