Во Ирска ќе бидат дозволени мали количества хероин и кокаин за лична употреба. Весникот„Индипендент“ пишува дека станува збор за радикален културолошки пресврт на оваа земја.
Според раководителот на националната стратегија за контрола на дрогата во Република Ирска за луѓето што ќе сакаат да си вшприцуваат одредени дроги ќе бидат предвидени и посебни простории и тоа ќе биде „клинички контролирано опкружување“ во кое стручни луѓе ќе работат со зависниците за да не се изложуваат на дополнителни ризици.
Според новиот закон во оваа земја, профитирањето од дрогите сè уште ќе биде сметано за криминал, но консументите на дрога веќе нема да бидат прогонувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



