Како одминува времето, трансферот на францускиот репрезентативец во Барселона Пол Погба е сè подалеку од реализација. Како што пренесуваат каталонските медиуми, целиот проект ќе ја чини Барса неверојатни 260 милиони евра.
Како што пренесува „Спорт“ целиот трансфер треба да се исплати за шест години. Од целиот износ од 260 милиони евра, 100 милиони би отишле во Јувентус како отштета, десет милиони кај агентот на Погба, Мини Рајола, а другите 150 се планирани за плати на фудбалерот за шестгодишен договор и данок што треба да се плати за него.
Во управата на клубот сметаат дека парите ќе бидат обезбедни веќе следното лето, но постои сомневање дека рекордниот трансфер би ги вознемирил останатите фудбалери кои се очекува да побараат поголеми примања, а познато е дека Барселона има големи расходи и поради тоа не може во јануари да донесе соодветни засилувања.
Ако актуелниот европски првак се откаже од борбата за Погба, остануваат уште неколку заинтересирани клубови за францускиот талент. Пред сите, тука е ПСЖ, кој сакаше да го купи и претходното лето, но и Реал Мадрид, особено ако на крајот од сезоната си замине Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.