На традиционалниот меѓународен фестивал на филмското сценарио Скрипт фест, кој ќе се одржи од 10-12 ноември во Кинотеката на Македонија во Скопје, ќе бидат доделени традиционалните награди за исклучителен филмски ангажман и придонес.
Наградата “Скрипт Мост” годинава ќе му припадне на Душан Макавеев за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности, а наградата “Скрипт Фест” за режија и сценарио на голем број филмски остварувања ќе ја добие проф.д-р Владимир Блажевски.
Проф.д-р Мишо Нетков е добитник на наградата “Скрипт Феникс” за потврдени резултати на планот на документарниот филм, додека наградата “Скрипт Презент” ќе му биде доделена на Тони Цифровски за повеќегодишен критичарски ангажман и придонес во филмската уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија