| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Нови капацитети за згрижување на деца во Скопје

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, направија увид во градежните активности за адаптација, реконструкција и за опремување на простор во рамки на  училиштето „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, Општина Ѓорче Петров.

spasov-deksion-3

– Ова е втора инвестиција на Министерството за труд и социјална политика. Минатата година отворивме нов  објект, нова детска градинка за 50 дечиња во Општина Ѓорче Петров и вложивме околу 4.000.000 денари како Министерство. Во овој објект ќе инвестираме околу 3.000.000 денари и очекуваме начелно за еден месец да завршат градежните активности, а потоа Општината, заедно во соработка со градинката, да го опремат овој простор со капацитет за 150 дечиња – рече Спасов.

spasov-deksion-1-640x396

Спасов истакна дека ќе се  продолжи со активности за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од  предучилишна возраст и дека во моментов Министерството инвестира во 14 општини при што се започнати активности во соработка со општините, дел со градежни активности, дел со адаптација, дел со опремување на простор за нови 14 градинки и на тој начин ќе се продолжи со зголемување на опфатот на деца од предучилишна возраст.

– Како што ме информираше градоначалникот, се планира да се започне со изградба на еден нов објект, а исто така и Министерството за труд и социјална политика планира инвестиција за 2016 година за изградба на уште една градинка во рамки на училиштето „Димитар Беровски – рече министерот.

spasov-deksion-2

Градоначалникот Митровски посочи дека изминатите години се направени бројни  напори за зголемување на капацитетот, отворени се три нови градинки во општина Ѓорче Петров и со тоа е зголемен бројот на згрижени деца за да можат родителите да си ги вршат своите обврски.

За еден месец ќе се започне со изградба со нова градинка за уште 50 дечиња во месната заедница „Мирче Ацев“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top