Германската финансиска полиција утринава упадна во просториите на германкскиот фудбалски сојуз (ДФБ) како и во домовите на претседателот Волфганг Нирсбах и поранешниот претседател на сојузот Тео Цванцигер.
– Yпадот во просториите на ДФБ беше извршен поради исчезнувањето на 6,7 милиони евра кои наводно биле уплатени на сметка на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за организација за Мундијалот во 2006 година“ – изјави за Билд Надја Нисен, јавниот обвинител на Франкфурт.
Германските медиуми пред овој упад објавија дека ДФБ од директорот на Адидас Роберт Луис Драјфус биле позајмени 6,7 милиони евра во 2000 година, со цел да се поткупат четири делегати за ги дадат своите гласови за Германија за организирање на СП 2006 година. Обвиненијата за корупција претседателот Нисрбах ги опиша како „приказни“.
На 6. јули 2000 година ФИФА и го додели организирањето на Светското првенство на Германија откако со 12 гласови наспроти 11 ја победи Јужноафриканската Република. Како што обелоденија локалните медиуми, парите се уплатени на сметката на ФИФА пред да се донесе одлуката, со цел да се обезбедат уште четири гласови на азиските делегати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.