Од 6 до 30 ноември ќе се одржи четиринаесеттото издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Годинава на отворањето , на 6 ноември, ќе настапи „Керем Горсев трио“ од Турција заедно со камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Триото го сочинуваат Ќерем Горсев, пијано, Каган Јилдиз-контрабас и Ферим Одман-Тапани. керем во светот е препознатлив како мошне талентиран музичар, композитор и пијанист. Досега продуцирал бројни проекти почнувајќи од својот прв албум „Hands and lips“ во 1995 година. По него следеше неговиот втор албум „I love may“ во 1996 година. И двата албуми се составени само од негова авторска музика. Третиот албум на Керем Горсев „ For Murat“ е објавен во 1996 година, а следната 1997 година и четвртиот албум „Relaxing“. Неговиот следен албум е пијано-вокал дует со Алан Харис и е насловен „Laid-Back“. Во 1998 година Керем настапил на два концерта заедно со Елвин Џонс „Jazz Machine“ на „Eskisehir“ фестивалот.
Од програмата беше издвоена и балатската претстава „Balcan dance project vol.1“-Современа балетска претстава во кореографија на Александар Илиќ (Србија) и Игор Киров (Македонија), а настапуваат Мојца Мајцен (Словенија), Адријана Данчевска (Македонија), Катерина Стојковиќ (Србија), Миона Петровиќ (Србија), Теодора Сујиќ (Србија), музика: Дуке Бојаџиев, Кирил Џајковски, „Beata Viscera“-Перотин, app. Василије Шоковиќ (во соработка со Фестивал Велење-Словенија). Балетот може да се погледне на 7 ноември во Македонскиот народен театар.
На 9 ноември е концертот на Гордана Стојановска-пијано, а на 14 ноември „Sounds of spirits“ на Ансамблот за современа музика „Con Tempora“, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Портрет на композиторот Малком Дедман-Англија во соработка со СОКОМ.
На 16 ноември е концертот насловен „Од творечкиот опус на Власимир Николовски“-90 години од раѓањето-Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност.
Ансамблот на народни песни и игри „Танец“ годинава е дел од програмата на манифестацијата. На 20 ноември во Домот на АРМ ќе се одржи концертот на овој македонски културен амбасадор.
На 23 ноември е концертот на Нинослав Димов-саксофон и Маја Поповиќ Караиванова-пијано, на 25 ноември концерт има хорот „Про арс“ со премиерни изведби на композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура за нови хорски дела. Концертот ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а со хорот ќе диригира Сашо Татарчевски.
Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова ќе настапат на 26 ноември во Салонот 19,19 во Културно-информативниот центар, и на 30 ноември настапува Оперско дувачко трио: Татјана Петрушевска-обоа, Игор Бакревски-кларинет, Марјан Милошевски-фагот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.