Од следниот понеделник ЈСП „Скопје“ ќе пушти во употреба нова автобуска линија во општината Кисела Вода.
Оттаму инфомираат дека новата линија засега ќе биде пробна. Ќе вози минибус со број 163. Линијата ќе ги поврзува село Драчево-Општина Илинден, а трасата на движење е од село Драчево, по улица Китка, населба Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино се до Општина Илинден. Автобусот ќе сообраќа само во работни денови, и тоа во 6.15, 14 и 15.30 часот кон Драчево, а од Општина Илинден ќе тргнува во 7, 14.45 и 16,15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.