| четврток, 6 декември 2018 |

„Изрази се преку медиумите“

мимВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржана од Министерството за образование и наука на РМ, го објавуваат конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Средношколците може да аплицираат на конкурсот со текст, фотоприказна или едноминутнo видео на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата“.

Медиумскиот производ треба да предложи идеја или да даде пример како средношколците можат да се вклучат во локалната заедница преку различни волонтерски активности во и надвор од училиштето. Материјалот треба да покаже како средношколците можат да им помогнат на ранливите групи во општеството, да ја заштитат животната средина, да го зачуваат културното наследство, да ги почитуваат културните различности, да волонтираат или да се активираат во различни области.

Повеќе детали за конкурсот на страницата на Високата школа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top