| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Mаџиров на поетски фестивал во Тајпеј

Никола Маџиров на 3-ти и 4-ти ноември ќе настапи на Интернационалниот поетски фестивал во Тајпеј. Неговите песни ќе се читаат на македонски и кинески јазик. На овој значаен поетски азиски собир, поканети се шест странски гости. Освен Маџиров, ќе настапи и струшкиот венцоносец и долгогодишниот кандидад за Нобелова награда, сирискиот поет Адонис. Една од причините за гостувањето на Маџиров е неговата книга со избор поезија која овој месец ќе се објави на кинески јазик во Чајнис Јуниверсити Прес. Пред четири години, Никола Маџиров ја доби наградата за современа светска поезија „ДЈС” во Кина. По овој фестивал, следуваат нови поетски читања во неколку азиски земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top