| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантно зголемен бројот на деца заболени од малигни болести во Србија

деца

-Во Србија во изминатите две до три години e регистриран пораст на малигните болести кај деца – изјави директорот на Центарот за педијатрија и шеф на Хематолошката дневна болница при Универзитетската детска клиника во Белград, Дејан Шкориќ.

Во 2000 година во просек имало околу 200 нови случаи на годишно ниво, додека во 2013 и 2014 година таа цифра достигнала – 350 годишно.

– Тешко е да се одговори што е причината за тоа, но малигните болести кај децата се ретки за разлика од возрасните каде во Србија на годишно ниво има околу 30.000 заболени – вели Шкориќ за Данас.

Тој додава дека постојат многу причини, а една од нив би можела да биде и бомбардирањето на НАТО во 1999 година кога на територијата на Србија се фрлени околу 45 тони осиромашен ураниум.

– Освен јонизирачкото зрачење, на кое сме сите изложени, канцерогени агенси се наоѓаат во храната, водата што ја пиеме, во воздухот и кај генетски предиспонирани деца може да придонесат за развој на малигни болести – вели Шкориќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top