| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го условува влезот на Албанија во ЕУ

­ Поранешнот потпретседател на грчкот Парламент и актуелен пратеник Јоргос Сурлас се закани дека Албанија не ќе може да го продолжи европскикот пат сè додека не го реалзира меѓудржавниот Договор со Грција потпишан во 2010 година, јави дописникот на МИА.

Greece-Albania-relations

 

Според Договорот, Албанија треба да подигне Меморијал, во кој ќе бидат закопани сите грчки војници загинати во јужниот дел на Албанија или како што Грците го нарекуваат Северен Епир за време на Грчко­италијанската војна во 1939 година.

– Сè додека не го изгради Меморијалот за загинатите 423 грчки војници, Албанија ќе треба да ја заборави ЕУ – изјави Сурлас на свеченоста во чест на загинатите војници во Грчко­-италијанската војна, додавајќи дека тие загинале за „идеалите на слободата“.

Тој исто така додаде дека Грција ќе бара Албанија целосно да го почитува Договорот. Оваа не е прва закана од Атина упатена до Албанија. Како услови за членство на Албанија во ЕУ, освен изградбата на Меморијалот, Грција ги наведува и „целосното почитување на правата на грчкото малцинство“, како и спроведувањето на Договорот за поморската граница меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top