Подносителот на барањето има право на отпис на каматите за придонесите во износ од 100 проценти камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски и отпис во износ од 75 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски. Педесет проценти отпис на камата ќе може да побара ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
„Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување“ може да се преземе од веб страницата на УЈП и се поднесува до даночната канцеларија, според седиштето и живеалиштето на даночниот обврзни најдоцна до 31 декември 2013 година.
Во прилог кон барањето, обврзникот задолжително треба да достави и доказ од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ) за платен придонес од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година.
Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, се уредени со новиот Закон за отпишување камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство