Министерот за здравство Никола Тодоров во Дневникот на МРТ се осврна и на случајот во гевгелиската болница каде родилка и бебе починаа и побара институциите доколку утврдат одговорност да го кажат виновникот, согласно законите.
-Во Гевгелија почина и родилка и бебето, тоа е исклучително трагичен случај. Таму има ситуација во која има доктори кои врз основа на податоците се во алкохолизирана состојба изведувале определена интервенција. Тоа е комплетно недозволиво и мора да се персонализира одговорноста. Докторите веднаш беа суспендирани, и во постапка во рокови утврдени со закон истите добија отказни решенија. Постапката сега е во надлежност на судот и обвинителството. Направена е обдукција и очекувам за овој случај да има судска разрешница. Одговорноста мора да се персонализира, и тој што направил определено кривично дело, доколку се докаже, да се казни согласно законот. Ова не смее да остане неказнето, тоа е она на што јас би инсистирал и како министер и како човек, ваков тип на неодговорност не смее да се повтори. Во правото велат дека овој тип на неодговорност или високото ниво на неодговорност во некои ситуации може да се изедначи и со умисла. Очекувам судските органи да го разрешат овој случај, и ако се утврди одговорност виновниците да одговараат во согласност со законот, потенцираше министерот Тодоров во Дневникот на МРТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат