| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец украл камери од џамија

Жител на струшкото село Октиси украл две камери од џамијата -Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против четириесетгодишниот стружанец.

Кражбата се случила на 10 октомври  околу 14 часот. Крадецот се упатил во џамијата Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга.

Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000денари. Потоа избегал и со украдените камери се упатил кон селото Октиси.

По четири дена од извршената кражба, камерите се одземени, извршено е препознавање, а потоа се вратени односно предадени на претставник од џамијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top