| четврток, 6 декември 2018 |

Милица Стојанова – добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“

Доајенот на македонското глумаштво, актерката Милица Стојанова, е годинешниот добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“. Жири-комисијата составена од актерката Зорица Панчиќ, режисерот Ненад Витанов и драматургот Сашо Димоски едногласно донесе одлука, оваа престижна театарска награда да ѝ се додели на безвремената и единствена Милица Стојанова, објави Дума.

milica-so-prlicko1446466310_thumb_medium490_0

– Сега веќе наполнив речисив 60 години стаж. Неуморна сум. Јас ги плашев на времето, им велев, ако престанете да ме земате да играм, ќе умрам порано. Ги лажев нормално, ама тие буквално ме сфатија и сите ме земаа. За тоа јас сум многу радосна – рече Стојанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top