Издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата „Ослободување на прстите“ од Салвадор Дали. Тоа се, всушност, избрани авторски есеи од најпознатиот светски надреалист Салвадор Дали.
Есеите на Дали се објавени како посебно и специјално издание, односно прва книга од новата едиција на списанието „Книжевна академија“.
Во книгата „Ослободување на прстите“ од Салвадор Дали се публикувани есеите: Ослободување на прстите, Гнилото магаре, Љубов, Предмет каков што го открива надреалистичкото истражување, Критика на разгледување на почетниот феномен на лудилото, Нови бои на прирачниот сексапил и Нарцисовото преобразување. Книгата е збогатена и заокружена со библиографски белешки и критичко-есеистички текст за надреалистичките есеи на Дали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голем саем на книгата во „Феникс“
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет