| четврток, 6 декември 2018 |

Цел месец го тепале и ограбувале за да им ги врати парите

police12

Тројца битолчани се пријавени затоа што малтретирале татко и ќерка поради наводен долг.

Битолската полиција јави дека поднеле три кривични пријави за А.М.(24), Р.С.(20) и Џ.А.(16), сите од Битола, за кривично дело тешка кражба, додека А.М. е пријавен и за две дела загрозување на сигурноста, од кои едно при семејно насилство и едно дело разбојничка кражба, а заедно со Р.С. е пријавен и за насилство.

Ноќта меѓу 28 минатиот и први овој месец на подрачјето на Битола, пријавените со употреба на физичка сила од домот на З.Л. (56) одзеле паричник во кој имало 400 евра, златен накит, облека и покуќнина.

Во текот на март и април 2013 година, А.М. два пати без повод и причина физички ги нападнал членовите на неговото семејство удирајќи ги со тупаници и клоци по телата, а заедно со Р.С. на К.С. (51) му се заканил дека ќе посегне по неговиот живот и животот на неговото семејство, барајќи од него пари кои наводно му ги должел, по што фрлил шише кон куќата на К.С., загрозувајќи ја сигурноста на неговата ќерка. Исто така, во текот на март, А.М. дошол во дворот од куќата на К.С. со намера да врши кражба, но бил забележан од страна на К.С. и спречен во намерата. Истражен судија на А.М. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top