Според истражувањето на компанијата „Блумберг“ за здравствената заштита и ризиците, Македонија е на 43. место од 145 земји кои се на ранг-листата.
Во истражувањето се користени податоци од Обединетите нации, Светската банка и Светската здравствена организација. Моментно Сингапур е земја со најдобар здравствен систем.
Секоја држава со повеќе од еден милион жители е анализирана и е утврден нејзиниот здравствен резултати и оценката за здравствениот ризик. Процентот за секоја земја е добиен со одземање на здравствениот ризик од здравствениот резултат.
Здравствениот резултат на секоја држава е оценуван врз основа на неколку фактори, како просечен животен век, причина за смрт и слично, а оценката за здравствениот ризик се утврдила на основа на податоците за бројот на младите кои пушат, бројот на лица со зголемен холестерол и слично.
На основа на целокупната анализа Сингапур е на првото место до 89,45 отсто здравствен резултат, втора е Италија, а меѓу првите десет се Австрлаија, Швајцарија, Јапонија, Израел, Шпанија, Холандија, Шведска и Германија.
Од земјите од поранешна Југославија Словенија е најдоброрангирана на 25. место, БиХ е на 34. место, Хрватска е 36-та, а Србија е 74.
Држави со најнизок процент на здравствен резултат се Свазирленд, Лесото, Чад, Мозамбик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев