| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Осигурувањата во земјоделството пораснале за 63 отсто

оси

Расте бројот на издадени полиси за осигурување во земјоделството. Податоците покажуваат дека земјоделците имаат склучено 3.784 договори за осигурување на своите посеви, на кои пак Владата им покрива 60 проценти од трошоците.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на осигурувањето, рече дека осигурувањето во земјоделството годинава бележи раст од 63 проценти во однос на претходната година.

– Почнувајќи од 2008 година Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и неповолни климатски настани. Бројот на склучени договори континуирано расте.  По почетните проблеми од 2008 година кога имавме само 146 барања, денеска веќе во 2015 нивниот број е 3.784 склучени договори, а бруто полисираната премија изнесува 181 милиони денари односно бележи пораст од 63 проценти во однос на минатата година- истакна министерот за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top