„Панама“, првиот долгометражен филм на Павле Вучковиќ ќе ја има својата премиера на фестивалот за европски филм „Синедејс“ на 14 ноември со почеток во 20 часот во кино „Милениум“, а во редовна дистрибуција ќе започне на 19. ноември во киното „Синаплекс“. Продуцентската куќа Collapse Films и младата екипа која учествуваше во реализацијата на филмот донесува љубовна приказна во која не се покажуваат емоции, а главните јунаци се плашат од искреноста бидејќи така налага модерното информатичко општество.
Главниот јунак на филмот Панама е Јован (Славен Дошло), кој, меѓу другите девојки, се гледа и со Маја (Јована Стојилковиќ). Односот со неа на почетокот не го интересира, таа му делува неискусно и наивно. Меѓутоа, постепено нејзиното амбивалентно однесување почнува да го интригира. Следејќи ги видео снимките и други информации од интернет, Јован го открива паралелниот живот на Маја, се вплеткува во сопствената игра на лаги и љубомора. Јова се губи себеси, очајнички обидувајќи се да открие која е Маја навистина.
„Панама“ го создаваа млади луѓе на кои, во најголем дел, тоа им е прво авторско искуство во работа на долгометражен филм: режисерот, сценаристите и копродуцентот Павле Вучковиќ, косценаристката Јелена Вускасновиќ, продуцентите на филмот – Татјана Жежељ Гојковиќ, директорот на фотографија Ѓорѓе Арамбашиќ, сценографите Бојана Николиќ и Ливија Микиќ, костимографката Магдалена Клашањ, монтажерот Бојан Косовиќ.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Славен Дошло, Јована Стојиљковиќ, Милош Пјевач, Тамара Драгичевиќ и Јелисавета Орашанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура