На официјална прес-конференција денеска авиокомпанијата „Когалимавиа“ потврди дека 16 лица не се качиле на авионот „ербас А321“, кој се урна во Египет. Во руските медиуми продолжуваат да излегуваат приказни и за други случаи на среќно преживеани од фаталниот лет.
Една недела пред несреќниот лет до Египет, поранешниот стјуард во компанијата „Когалимавиа“, Олег Ермаков, кој требало да лета со урнатиот авион, ја напуштил работата. Тоа го спасило од сигурна смрт, а причината да го направи тоа бил пророчки сон на неговиот татко.
Ермаков работел во „Когалимавиа“ 2,5 години.
– Ги познавав лично членовите на екипажот, ја познавав и машината, бидејќи многупати сум летал со неа. Според распоредот за летовите на 31 требаше да летам за Египет, но буквално една недела пред страшната трагедија ја напуштив компанијата. Имав лични причини за тоа и го направив најмногу на инсистирање на татко ми. Тој сонувал лош сон поврзан со мене, и ми рече: „Олег, напушти“. И многу инсистираше… Сонувал дека се урнал авион и дека јас сум загинал токму во тој авион. Напуштив без предупредување – раскажува Ермаков пред НТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



