| четврток, 6 декември 2018 |

Пет Холанѓани го симнале македонското знаме од центарот на Охрид

zname-mislesevo

Охридската полиција приведе петмина холандски државјани затоа што го симнале државното македонско знаме од јарболот поставен на централниот плоштад во Охрид.

Не е познато зошто Холанѓаните го направиле тоа.

Полицијата јави дека ова се случило вчера околу 3.30 часот. Во ПС Охрид е пријавено дека на плоштадот „Свети Климент Охридски“, четири-пет непознати лица од јарбол го симнале и оштетиле државното знаме на РМ.

Полицијата излегла на местото на настанот, каде што се пронајдени петмина холандски државјани, истите се повикани на разговор во ПС Охрид и во тек се мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top