| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за цела Каталонија, Меси нема да биде подготвен за „Ел Класико“?!

Аргентинскиот ас и најдобар играч на Барселона, Лионел Меси, нема да биде подготвен за новото дерби „Ел Класико“ против Реал Мадрид што треба да се одигра на 21.номеври на „Сантијаго Бернабеу“.
Каталонскиот весник „Спорт“, кој одлично е запознаен со состојбите во екипата, од извори блиски до клубот информира дека рехабилитацијата од повредата на Меси оди побавно од предвиденото и тој со сигурност нема да биде подготовен за големото дерби. Неговата повреда на коленото нема да биде санирана до средината на овој месец и тој не може да биде максимално подготовен за натпреварот против Реал Мадрид.
Меси е надвор од терените повеќе од еден месец, откако на натпреварот против Лас Палмас ги повреди лигаментите. Без него Барселона е во серија од три последователни победи во првенството, против Рајо Валјекано (5-2), против Еибар (3-1) и против Хетафе (0-2), но, сепак, дуелот со „кралевите“ е сосема друга димензија и неговото евентуално присуство би било од непроценливо значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top