Моника Белучи, ѕвездата од актуелниот филм за Џејмс Бонд, „СПЕКТРА“, се разголе за фотосесија за новиот број на магазинот „Луи“.
Италијанската актерка му позира на фотографот Ранкин и покажува дека времето не ѝ може ништо.
Францускиот магазин „Луи“ е познат по привлечни, разголени фотографии направени во европски, посуптилен манир, а насловната фотографија и фотосесијата со Белучи се појавуваат во ноемврискиот број посветен на филмовите за Џејмс Бонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.