| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Пенезиќ е меѓу трите ѕвезди на колото во ЛШ (видео)

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (19) (Custom)

 

Хрватската репрезентативка, Андреа Пенезиќ, беше најдобар поединец на ЖРК Вардар во рамките од третото коло од Лигата на шампионите во кое македонскиот шампион го декласираше Митјиланд со девет гола разлика (33-24).
Таа со десет гола беше најзаслужна за високата победа, и за враќање на победничките патеки на вардарки.
Во анализата на ЕХФ, Вардар го одигра својот најдобар натпревар досега во ЛШ, а Пенезиќ заедно со Лекиќ го составуваат еден од најмоќните ракометни тандеми.

Останатите две ѕвезди на колото се Аманда Куртовиќ од Ларвик и Зита Шучански од Ференцварош. Претставувањето на најдобрите од 3. коло во Лигата на шампионите може да го погледнете ОВДЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top