Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ свечено ќе биде отворена в среда, 10 април 2013, во 11 часот, во Хала 2. Oрганизирањето и одржувањето на една ваква манифестација е водено од потребата за запознавање и правилно насочување на младите луѓе кои имаат интерес за посовремено, квалитетно образование и стручно усовршување, велат организаторите.
Целта е на едно место да се овозможи систематско информирање на идните академски граѓани за понудите на домашните и странските образовни можности. На своите штандови институциите ќе остварат директна комуникација со сите заинтересирани, додека преку програмскиот дел на манифестацијата преку презентациите ќе ги претстават своите програми и можности за студирање на универзитетите. Посебен акцент ставаме на овозможените стипендии кои одредени инситутции ќе ги доделат за времетраење на саемот. Имено, за време на саемот ќе се доделуваат 19 стипендии (за додипломски и постдипломски студии) на странски универзитети според однапред утврдени критериуми на институциите во вкупна вредност од 280.000 евра.
На површина од 2.000 квадратни метри, во Хала 2, ќе се претстават четириесетина приватни и државни униврезитети со повеќе од 170 факултети од Република Македонија и странство.
Оваа година, партнер на манифестцијата е „Цел глобал“ од Индија.
Во текот на трите саемски денови ќе бидат одржани презентации во посебен панел за презентација во Хала 2. Во текот на саемските денови се предвидени и музички настапи и перформанси на македонски естрадни ѕвезди и културни дејци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.