| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате ли на скопската свадба на столетието (фото)

Знаете ли на која свадба се мисли кога се зборува за скопската свадба на столетието?

Screenshot (13)Не, не е во прашање ниту свадбата на  внукот на Амди Бајрам  ниту која било друга, освен една за која велат дека побудила поголем интерес и внимание кај жителите на македонската метропола повеќе дури и од онаа на британскиот престолонаследник Чарлс и покојната Лејди Дајана во Лондон.

Screenshot (12)

Во таа далечна 1981 година скопската Ромка Јасмин Шабан која со своето семејство живеела во Виена, Австрија, ќе дојде во своето Скопје за да се омажи со никој друг туку со Боби Фарел, машкиот вокал и танчар на во тоа време мегапопуларната светска диско атракција, групата Бони М.

Screenshot (11)

Не само Шутка и Топаана што биле неколку дена на нозе, туку цело Скопје се туркало пред хотелот Континентал за да може барем за миг да ѕирне каква е атмосферата на свадбата кај најпопуларниот скопски зет на светот.

Boney M

Веднаш по свадбата младенците ќе заминат да живеат во Германија, каде по две години ќе ја добијат ќерката Занила, која денес се обидува да направи кариера на успешен хип-хоп артист.

boney-m-christmas

Бони М  „жареа и палеа“ на светските топ листи во средината на 70-ите и првата половина на 80-ите со хитовите како: „Сани“, „Браун грл ин д ринг“, „Ма Бејкр“, „Деди кул“, „Риверс оф Бабилон“, „Белфаст“, „Распучин“…! Подоцна ќе се распаднат, а итриот Боби ќе го заштити името и со нови членови ќе настапува уште долги години под истиот бренд – Бони М, се до неговата смрт на 30 декември 2010 година, кога беше пронајден мртов во својата хотелска соба по настапот во Санкт Петерсбург, во Русија.

Но, скопската свадба на столетието останува да се памети и прераскажува и до ден денес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top