Турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја прогласи победата на неговата партија на изборите во Турција.
Тој изјави дека резултатите од денешните избори претставуват победа за демократијата.
– Денешниот ден е победа за нашата демократија и за нашиот народ, посочи Давутоглу пред групата приврзаници пред неговиот дом во градот Конја во централна Турција.
– Се надеваме дека добро ќе ви служиме во следните четири години, додаде тој.
Се очекува подоцна денеска Давутоглу да даде изјава пред седиштето на АКП во Анкара.
Партијата на Правдата и развојот победи на парламентарните избори во Турција со освоени 49,36 отсто од гласовите, покажуваат резултатите по пребројувањето на сто проценти од гласачките ливчиња, јави телевизијата НТВ.
Партијата успеа да го врати парламетнарното мнозинство и ќе може да формира еднопартиска влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.