| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките медиуми пренесуваат за „историската победа на ВМРО- ДПМНЕ“

izbori-vecerni-gruevski-pobeda„Партијата на Груевски триумфираше на локалните избори“, „Владејачката ВМРО- ДПМНЕ победи во повеќето општини”, пишува денеска грчкиот печат.

Според државната новинска агенција, „владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски победи во повеќето општини во вчерашниот втор круг од локалните избори во Македонија потврдувајќи ја доминацијата на политичката сцена во земјата“.

„Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот и во вториот круг победија во вкупно 56 општини, додека кандидатите на опозициската СДСМ на Бранко Црвенковски само во четири“, пренесуваат грчките информативни портали.

Истовремено се пренесуваат и изјавите на премиерот Груевски и на опозицискиот лидер Црвенковски и нивните спротивставени оценки за слободни и демократски избори, притоа додавајќи ја оценката на премиерот за „историска победа на ВМРО ДПМНЕ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top