| четврток, 6 декември 2018 |

Слушај ја баба: Вака не советуваат да ја сочуваме убавината

Искуството зборува во нивно име. Бабите знаат што е најдобро, а особено кога е во прашање убавината.

баба

Можеби имате впечаток дека современата мода и технологија допринесоа кон тоа да го ставиме настрана се што нашите баби некогаш ни зборуваа, но не заборавајте на нивните умни совети.

Користете корења на заленчукот за вашето лица

Изгледа многу чудно, но бабите велат дека делува. Доколку го истриете лицето со корен од репа или компир секое утро, и истото тоа го сторите навечер пред спиење, никогаш нема да имате акни.

Избегнувајте сламки

Има нешто во тоа, кога подобро ќе размислите. Ако често пиете пијалаци со сламка, околу вашите усни  ќе се формираат бори и тоа порано од што би требало.

Дами, оставете ги цигарите

Пред докторите да ни соопштат дека цигарите штетно ни влијаат, дамите знаеја дека чадот од цигарите негативно влијае врз нивната убавина. Чадот ги пожолтува забите, создава околу вас непријатен мирис и го менува вашиот тен.

Спијте на грб

Иако делува нереално, спиењето на грбот е добро за вашата кожа. На тоа додадете уште осум часа сон и ќе ја сочувате вашата убавина.

Никаде без црвен кармин

Нашите баби го ставаа на усните кога биле млади, а се уште има и такви кои и на 90 години никаде не одат без карминот.

Најважно е, како што велат тие, да ја пронајдете нијансата која е идеална за вас и со неа да станете едно. Така никогаш нема да поминете незабележани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top